Мојсоски осомничен за криминал, а власта сѐ уште го чува на директорско место

Асот на премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, Наумче Мојсоски е под сомнение за криминал, а сѐ уште е на позицијата директор на Агенцијата за спорт и млади, и затоа е потребно оставки веднаш, реагираат во неделата од  ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија потсетуваат дека Антикорупциска комисија утврдила дека Мојсоски и Комисија избрана од Владата, преку искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределби на средства од ваучер системот за финансирање на спортски клубови, со што го оштетиле Буџетот на државата.

„За ова Наумче Мојсоски добил и кривична пријава, што го прави недостоен да ја врши функцијата, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, во таквиот разработен систем за кој одлучувал Мојсоски и владина екипа станува збор за сума од милијарда денари и постои основан сомнеж дека ваквите пари не завршувале кај спортисти и клубови според реални критериуми.

„Постојат индиции дека под сомнителни околности биле доделувани на фаворизирани федерации и клубови, при што силно влијание на изборот имале поединци, па дури и политички партии. Како тоа вртеле милијарда денари, има сомневање за злоупотреба, а владата на Ковачевски и Ахмети молчат за криминалот. Мојсоски сѐ уште одлучува за пари. Криминалот е принципот на делување и во спортот. Ахмети и Ковачевски се што фатија исушија со криминал и неработа“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.