Почина судијата Огнен Ставрев, ги судеше случаите Монструм, Титаник, Фаланга…

На 63-годишна возраст во Скопје, почина судијата на скопскиот Кривичен суд, Огнен Ставрев, кој беше судечки судија во повеќе слуачи кои беа следени со голем интерес од медиумите и јаввноста.

Минатите години тој беше судија на познатите случаи „Змиско око 1“, „Сопот“, „Фаланга 2“. Судијата Ставрев ги изрече пресудите и за предметите од Специјалното јавнио обвинителство „Титаник 2“, „ТНТ“, „Монструм“.

Судијата Огнен Ставрев, инаку, е син на Драгољуб Сраврев, претседател на претседателството на поранешната Социјалистичка Република Македонија (СРМ).

Судијата Огнен Ставрев изминативе години судеше во Одделението за организиран криминал и корупција. Поради здравствените проблеми кои ги имаше, последните месеци беше судија за извршување санкции.