Помалку од четвртина од ветените тенкови ќе пристигнат за пролетната офанзива во Украина, проценуваат медиумите

До почетокот на април Киев ќе добие помалку од четвртина од вкупниот број текови коишто му ги ветија западните сојузници, пишува британскиот весник Times.

Киев очекува дека неговите сојузници во војната против Русија да добие најмалку 320 од официјални објавените бројки современи западни тенкови, но процените сугерираат дека само 50 од нив ќе стасаат до линијата на фронтот до почетокот на април за спротиставување на очекуваната руска пролетна офанзива, пишува весникот повикувајќи се на свои извори.

Таквите процени, како што пишува Times, ги загрижуваат и властите во Киев и западните сојузници, бидејќи јасно е дека педесет тенкови, без разлика на нивната наводна техничка супериорност, не може да придонесе за значително влијание врз исходот на борбите.

Весникот потсетува дека германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека неговите министри за одбрана и надворешни работи ќе се обидат во текот на Минхенската безбедносна конференција кој заврши во неделата, да издејствуваат сојузниците што поскоро да испорачаат 80 од напредните тешки офанзивни тенкови „Leopard 2“ кои би требало да го сочинуваат столбот на европскиот придонес.

Се потсетува и дека Велика Британија вети дека во првиот дел од западните испораки ќе му предаде на Киев четири од ветени 14 тенкови од британско производство „Challenger 2“. Полска којашто досега на Украина ѝ предаде 250 своите тенкови „Т-72, како што се проценува во написот на Times работи на испраќање на една тенковска чета односно 14 од германските „Leopard 2“. Според најавите, Канада ќе испрати четири тенкови „Leopard 2“, Португалија ќе испорача три такви во мар. Во ткн „тенковска коалиција“ се приклучи и Норвешка која објави дека во прв момент ќе испрати осум тенкови, како и Финска која не ја прецизираше бројката на својата помош

Во средата германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека и покрај првичните процени, сојузниците од „тенковската коалиција“ во прв момент ќе може да ја поддржат Украина со половина баталјон од модернизираната верзија на тенковите „Leopard 2 A6“ и баталјон од верзијата Leopard 2 A4“, а според германската бројност на таквата тенковска формација тоа би можело да изнесува до 90 тенкови, односно 60 во украинската. Подоцна германската влада прецизираше дека тоа треба да се сфати од аспект на земјата од каде се предаваат тенковите.