Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави во неделата дека неговата земја мора да стори сѐ што е возможно за да ја осигури безбедноста во периодот когаш странските функционери се собираат на самитот на Г7.
Кишида беше евакуиран неповреден во саботата, откако напаѓач фрли чадна бомба додека јапонскиот премиер држеше говор на отворено во западна Јапонија. Во разговорите со новинарите, Кишида, исто така, рече дека Јапонија не смее да дозволи акти на насилство „кои ги напаѓаат темелите на демократијата“.
Дваесет и четиригодишен Јапонец беше уапсен во саботата откако експлодираше чадна бомба на предизборен собир во западниот град Вакајама. Кишида неповредени беше евакуиран на безбедна локација по детонацијата во рибарското пристаниште во градот. Нема настрадани во инцидентот. Јапонскиот премиер држеше говор за поддршка на кандидатот на неговата Либерално демократска партија (LDP) во рамките на кампањата за локалните избори.
Во јули минатата 2022 година претходникот на Кишида на премиерската должност Шонзо Абе беше убиен на улица во текот на предизборен говор во старата јапонска царска престолнина Нара. Тој напад предизвика осуди и изненадување ширум светот, бидејќи Јапонија се смета за една од најбезбедните земји и има исклучително строги закони за носење оружје. Во моментот на сила низ земјата се зголемени безбедносни мерки.
Во недела министрите за надворешни работи од земјите во групата седум индустриски најразвиени земји во светот Г7 пристигнуваат во јапонската префектура Нагано. Премиерот Кишида ќе биде домаќин на самитот на Г7 во својот роден град Хирошима од 19-ти до 21-ви мај.