Ихаб Ајад, млад христијанин кој живее во блокираниот Појас Газа, секоја вечер на улиците дели вода и урми на муслиманите кои постат, а сѐ уште не стигнале до своите домови за ифтар.
– Христијаните во палестинското општество не чувствуваат дискриминација, напротив – нашите цели и страдања се заеднички… На муслиманите им делам вода и урми, според мојот буџет. Оваа активност ќе го зајакне духот на братството, љубовта и врската меѓу муслиманите и христијаните. Ги чувствуваме заморот и тешкотиите на долгиот ден на постот – изјави 29-годишниот Ајад.
Тој смета дека ова е гест на толеранција и порака за соживот меѓу христијаните и муслиманите во Газа. Со оглед на тоа дека во мигов е невработен, Ајад за овој Рамазан купил вода и урми од сопствената заштеда и парите што ги собрал за време на христијанските празници.
– Тоа го покажува нашиот соживот и солидарноста. И муслиманите со нетрпение ги очекуваат нашите празници, па и ние им упатуваме честитки за нивните – нагласи Ајад.