Претставници на организацијата Студентски отпор во четвртокот оставри средба со пратениците од пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ на која студентите ги изложиле ставовите за целосно несогласување со предлогот на владејачкото мнозинство за измена на законот за субвенциониран студентски оброк од 120 на 140 денари на ден.
Студентите бараат студентскиот оброк да биде 160 денари на ден, да има официјално известување за предлогот за картичен систем за исплата на студентскиот оброк, како и подобрување на условите во студентските домови.
„Апелирам од пратениците од позицијата да се покаже желба за дискусија и за разговарање со сите студенти и со оние кои се во можност да ги претставуваат студентите“, вели Марио Велковски, претставник на студентите.
Тој воедно им за заблагодари на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за желбата да дискутираат со сите студенти и да ги слушнат нивните барања.
„Сметавме дека треба да слушнеме што имаа да кажат и од аспект на нашите деловнички можности се согласивме како пратеничка група да го поднесеме амандманот кој ќе ја промени сумата која во моментов е делегирана во предлог законското решение кое е актуелно, од 140 на 160 денари“, истакна по средбата пратеникот Бојан Стојаноски.