Останките на седум лица, меѓу кои на две исчезнати тинејџерки и на осуден сексуален престапник, пронајдени се во понеделникот попладнето по локално време на имот во близина на малиот град Хенриета во американската сојузна држава Оклахома, објави канцеларијата на шерифот на округот.
Телата за кои се верува дека се 14-годишната Ајви Вебстер о 16-годишната Британи Бревер, пронајдени се кога полицајците пребарувале имот во кој живеел сексуалниот престапник 39-годишниот Џес Мекфаден, изјави шефот на округот Окмилџи, Еди Рајс, на прес-конференција.
Другите тела веројатно се на Мекфаден и на членови на неговото семејство, рече шерифот Рајс, предупредувајќи дека ниедна од жртвите сѐ уште не е официјално идентификувана од окружниот медицински иследник.
Округот претходно во понеделникот издаде предупредување во кое беше наведено дека двајца тинејџери исчезнале, но предупредувањето беше повлечено, откако телата беа пронајдени.
Шерифот Рајс додаде дека полицајците стасале околу 15 часот по локално време за да го пребараат поседот и ги пронашле телата.
Локалниот телевизиски канал KOTV извести дека Бритни Бревер заминала да го мине викендот со семејството Мекфаден, повикувајќи се на нејзиниот татко Нејтан Бревер. Требало да се врати во неделата вечерта, но никогаш не стасала дома.
„Британи беше отворена личност. Беше избрана да биде Мис Хенриета којашто во јули ќе оди на изборот за Мис во Тулса, а сега нема да успее бидејќи е мртва. Ја нема“, изјави таткото Бревер.
На Мекфаден во понеделникот требаше да му започне судењето за користење мобилен телефон додека бил во затвор, за праќање сексуални пораки на тинејџерка, извести телевизијата.
Регистарот на сексуалните престапници во Оклахома покажува дека Џеси Ли Мекфаден, стар 39 години, живее на адресата на којашто се најдени телата, а фотографијата одговара на онаа на Мекфаден користена во локалните медиуми, забележува Reutters. Тој во 2003 година е осуден за силување во Оклахома.
Џералд Дејвидсон, портпарол на Државното истражно биро на Оклахома, изјави дела едно лице во понеделникот ѝ кажало на оперативната група за насилни злосторства во канцеларијата на окружниот обвинител на округот Окмулџи дека двете девојки, можеби се на имотот во Холи Роуд во близина на Хенриета.
Помошниците на шерифот двапати излегле на местото на настанот. Првиот пат не успеале да стапат во контакт со никого, но при втората посета, откриле докази кои ги довеле до телата, изјави Дејвидсон.