Бугарин регистрирал 2.500 домејни во МАРнет поврзани со македонски музеи и култура

Бугарскиот државјанин Ангел Василев во јануари годинава закупил околу 2.500 домени од Македонската академска истражувачка мрежа- МАРнет, дознава „Република“

Конкретно се работи за закупени домејни со префикси Мк, Ком.Мк, Орг.мк, поврзани со македонски музеи и култура.

Еден од нив е и домејнот „музејтеракота.мк“. Овој музеј од Виница има само Фејсбук страница, но не и интернет страница.

Ваква и слични страници поврзани со македонска култура и музеи и установи нема да можат да бидат регистирани бидејќи се веќе закупени од извесен Василев кој живее во Плевен.

„Република“ се обрати до Василев и го праша поради кои причини ги закупил овие домејни но не добиле одговор.

Мора да се напомене дека закупот на вакви домејни не е незаконски и за тоа се плаќа годишен закуп. Симптоматично е што ова се прави од бугарски државјанин во период кога од источниот сосед сме изложени на културен, јазичен и историски притисок. Согласно Законот за слободен пристап до инфорамции од јавен карактер испративме прашање и до МАРнет и по еден месец чекање не добивме одговор, пишува Република.