Министерот Меџити како пациент не би сакал да се лекува во штипската болница

Министерот за здравство, Фатмир Меџити како пациент не би сакал да се лекува во штипската болница, откако денеска ја напрви обиколката, на сите одделенија. Смета дека пациентите, но и како што вели добриот медицински кадар не заслужуваат да се лекуваат и работат  во лоши услови.

Забележа дека токму поради ова се прават напори да се забрза изградбата на новата болница, која официјално требаше да се пушти за еден месец, а нејзината изградба во моментов е реализирана само  околу 40 %. Порача дека нема волшебно стапче да ги реши сите проблеми во здравството, но најави дека веќе прави стратегии. Тој немаше конретен одговор и кога ќе се случи вработувањето на 48 лекари и помошен здравствен персонал, бидејќи болницата работи со над сто вработени помалку. Смета дека тој не е адресата за овој одговор.

Меџити при приемот на донацијата од 24 механички кревети од амбасадата на Чешка на детското одделение во Штип најави дека зголемување од 3.000 денари ќе добијат медицинските сестри, а по 2.000 останатите вработени.