Саудиска Арабија разговара за членство во „банката на БРИКС“

Новата развојна банка на групата економии во развој БРИКС разговара со Саудиска Арабија за членство, што би ги зајакнало опциите на банката за финансирања имајќи ги предвид западните санкции поради нејзината инвазија во Украина против Русија, која е соосновач и акционер, објави деловниот весник Financial Times.

Новата развојна банка во 2015 година ја формираа земјите членки на групата БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, за да ги кредитираат развојните проекти во економиите во формирање. Целта на ткн „банка на БРИКС“ е да осигури алтернатива на институциите како Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF) и Светската банка (СБ – WB), со коишто управуваат земјите од ткн колективен Запад.

Банката досега доделила 33 милијарди долари заеми за повеќе од 96 проекти во петте земји основачи, а во членството во меѓувреме ги прими и Обединетите Арапски Емирати, Египет и Бангладеш.

Банката има почетен одобрен капитал во износ од 100 милијарди долари, а членството е отворено за сите земји членки на Обединетите нации, се наведува на мрежната страница на банката. Членките на БРИКС имаат сопственички удел од 18,98 отсто, Египет 2,27 отсто, ОАЕ од 1,6 а Бангладеш од 1,79 отсто.

Вклучувањето на Саудиска Арабија би ги зајакнало врските на банката со саудиската економија, вториот најголем светски производител на нафта.

„На Блискиот исток му придаваме голема важност на Кралството Саудиска Арабија и моментално со нив водиме добри разговори“, стои во изјавата на банката чие седиште е во кинеската финансиска престолнина Шангај за Financial Times.

Соодветните функционери на Саудиска Арабија не биле достапни за коментар.

Разговорите со Саудиска Арабија временски се совпаѓаат со официјалната процена на банката за опциите на финансирањето, кои се под знак прашање, според Financial Times, по руската инвазија во Украина. Годишното собрание на банката ќе биде одржано на 30-ти и 31-ви мај.

Членството во банката би ги зајакнало врските на Ријад со земјите од БРИКС во периодот на продлабочувањето на саудиско-кинеските односи, напомнува лондонскиот деловен дневен весник.

Во текот на официјалната посета на Ријад кон крајот на минатата 2022 година, кинескиот претседател Кси Џинпинг ја поздрави „новата ера“ во односите меѓу двете земји, а Пекинг во март посредуваше во договорот за обновување на дипломатските односи меѓу Саудиска Арабија и Иран, двата големи ривала на Блискиот исток.