Вучиќ: Побарав од претставниците на Квинтата да го спречат Курти да почне војна на Балканот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во разговор со претставници на ЕУ и на Квинтата побара од нив да направат се што е во нивна моќ за да го спречат Албин Курти да започне нова војна на Балканот.

„Разговарав со претставници на ЕУ и на Квинта. Ги замолив да направат се што е во нивна моќ и да го спречат Курти да започне нова војна на Балканот“, објави Вучиќ на Инстаграм.

Претседателот Вучиќ се сретна со претставниците на – САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија и со шефот на делегацијата на Европската унија во Србија.