Не многу војници на руските платенички сили „Вагнер“ се дислоцирани во Белорусија, оцени во четвртокот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Видовме одредени подготовки за прием на големи групи војници на ‘Вагнер’ во Белорусија“, истакна Јенс Столтенберг, говорејќи во Брисел.
„Досега не сме виделе толку многу од нив да одат во Белорусија“, додаде.
„НАТО, исто така, регистрира дека лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин малку се движел наоколу“, вели Јенс Столтенберг, без да даде дополнителни детали.
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, претходно денес изјави дека Евгениј Пригожин се вратил во Русија по краткиот егзил во Белорусија, додека неговите војници остануваат во кампови.