Уапсен малолетник кој сторил 22 кривични дела

СВР-Скопје, Одделението за малолетничка деликвенција и семејно насилство, до ОЈО Скопје, врз основа на претходно поднесени 11 кривични пријави, го предаде малолетникот А.М.(16) поради постоење основано сомнение дека сторил вкупно 22 кривични дела и тоа: единаесет кривични дела “тешка кражба“, пет кривични дела “одземање моторно возило“,четири кривични дела “тешка кражба во обид“ и по едно кривично дело “полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“и “прикривање“.

За сторените кривични дела Судија на претходна постапка, му одреди мерка притвор во траење од 30 денови.

Пријавениот малолетник во временскиот период од јануари до август годинава, на подрачјето на Скопје, извршил вкупно 15 кривични дела тешка кражба, од кои четири се во обид. Од извршените 11 тешки кражби, по две се од куќа, канцеларии на фирми и приватно училиште САБА, а по една во книжарница, кафе-бар, салон за мебел, туристичка агенција и фризерски салон, додека четирите обиди за тешка кражба се извршени во возило, канцеларија, бутик за венчаници и дискотека.

Тешките кражби ги извршувал на тој начин што со употреба на погоден предмет и физичка сила делувал во пределот на крилото и рамката на влезната врата, влегувал во просториите, вршел претурање и пребарување по што одземал претежно техничка стока (телевизори, компјутери, УСБ стикови и сл).

По превземени мерки и активности, дел од одземените предмети се пронајдени и со потврди се одземени од А.М. и со потврда се вратени на сопствениците.

Четири, од вкупно пет кривични дела  “одземање моторно возило“, А.М.  ги извршил на подрачје на град Скопје, а една на подрачје на Штип, при што одзел “Југо  Корал“, “Југо Застава“, “Рено 5“, “Сузуки Марути“ и “Ровер“. Одземањата ги вршел на тој начин што со погоден клуч-калауз ги отварал возачките врати и во два случаи возилата го стартувал со заборавен контакт клуч во бравата од возилото, во исто толку случаи го стартувал со тастер и во еден случај со клуч-калауз, по што откако ке го ставел во движење се возел низ подрачјето на град Скопје се додека не бил забележани од страна на ПМБПЕК Алфа или се додека имало гориво во возилото.

Кривичното дело „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“ го извршил над малолетничка со која бил во љубовна врска и живееле заедно во напуштени куќи на подрачјето на Скопје и Штип.

Кривичното дело “прикривање“ е извршено во мај година вана тој начин што  откако ги затекнал неговите пријатели како управуваат моторно возило кое не било во нивна сопственост, истиот од нив го одзел и по кратко возење го оставил на локалниот пат за с.Визбегово.

Малолетникот А.М. е познат сторител на кривични дела и против истиот до сега, покрај горенаведените кривични пријави,  се поднесени  уште 16 кривични пријави заради постоење основано сомневање дека е сторител на други имотни деликти.