Првата руска мисија на Месечина по 47 години и прва во историјата за ткн „меко спуштање“ на темната страна на природниот сателит на Земјата заврши неуспешно, откако сондата „Луна-25“ излезе од контрола и се урна на месечевата површина.
Руската вселенска агенција Роскосмос објави дека загубила конталт со леталото набрзо откако се појавил проблем во додека леталото ја менувало орбитата пред спиштањето кое требаше да се изведе во понеделникот. Беше објавено дека опремата на леталото регистирала и „влијание на микрометеорити“.
„Според резултатите од прелиминарната анализа, поради отстапување на фактичките параметри на импулсот од пресметаните, вселенското летало Луна-25 се префрлило на непресметана орбита и престанало да постои како резултат на судир со површината на Месечината“, соопшти државната корпорација.
Специјално формирана меѓуресорска комисија ќе ги испита причините за загубата на станицата, додава Роскосмос.
Русија не изведуваше месечеви мисии од онаа на „Луна-24“ во 1976 година. „Луна-25“ требаше да го изведе првото во историјата меко спуштање на јужниот пол на единствениот природен сателит на Земјата, каде досега не атерирало ниедно друго летало.
„Луна-25“ се тркаше со индиското летало „Chandrayaan-3“ коешто претходо седмицава требаше да слета, исто така, да јужниот пол на Месечиата.
Сондата „Луна-25“ влезе во орбитата на Месечината во средата, претркувајќи ја индиската сонда лансирана претходно, и станувајќи првото руско летало во таква мисија по 1976 година.
Со големина колку на помал автомобил, „Луна-25“ една година треба да работи на јужниот пол, во обид да го потврди постоењето на замрзната вода во месечевите кратери. Имено, изминаите години научниците на американската вселенска агенција NASA и други вселенски агенции врз база на снимки велат дека воочиле можни траги од замрзната вода.