Министерството за внатрешни работи соопшти дека против 39-годишниот Р.М. полицаец во СВР Битола се поднесени две кривични пријави.
Тој од 2007 до 2013 година ја злоупотребил својата службена дејност и во повеќе наврати одземал моторни возила за кои постоеле индиции дека се извршени промени на бројот на шасија, а по документирање на случаите не поднесувал кривични пријави се до настапување на застареност на делото, за што на сторителите им овозможил да не бидат кривично гонети.
Р.М. се гони и за лихварство, бидејќи на сограѓанин во 2009 година му дал на заем 2.000 евра за кои на нотар потпишале договор за заем со таткото на пријавениот при што во 2010 година го активирале барањето за извршување на правосилна извршна исправа при што оштетениот требало да исплати 4.000 евра. Во септември 2012 година пријавениот го повикал оштетениот за да продадат тракторот кој истиот го имал земено како залог во 2010 година.