Вкупно 1.534 повици за итни случаи

Во Центарот на управување со кризи според последниот извештај имало вкупно 1.534 повици на единствениот број за итни случаи – 112.

– „Реални“ повици за итни случаи биле 41,85 отсто, а 58,15 проценти други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие „други“ повици, се растоваруваат од непродуктивни за нив, службите и институциите што се за итно интервенирање во Системот за управување со кризи, соопштија утрово од ЦУК.

Кон полиција биле упатени 45,91 отсто од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош – 48,64 проценти, a кон пожарникарите – 2,27 отсто.

– Кон Центарот за управување со кризи имало 3,18 отсто од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 58,15 проценти „неитни повици“, вкупно 899 повици, биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК. Интервенции за гаснење пожари на отворени и во урбани средини имало, но, во помал обем, како и други интервенции, пишува во соопштението.