Новороденче со скршеница било криено од мајката на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, објави порталот „Скопје1“.
Родилката Анета Дамјановска, која била породена вчера, не можела да си го види бебето до денеска оти докторите не и дозволувале.
Ова за „Скопје1“ го раскажа нејзиниот сопруг Благојче Дамјановски.
Тој посочува и дека бил избркан од Клиниката за гинекологија и акушерство кога, како и сите родители, побарал да си го види своето бебе. Според неговите кажувања, по низа инсистирања, само мајката успеала да отиде кај бебето, кога и било и кажано дека тоа има скршена рака. „Скопје1“ побара став и од директорката на Клиниката за гинекологија, Викторија Јовановска, која до моментот на објавување, не одговори на нашите прашања. Таткото на бебето, Благојче Дамјановски, раскажа што се случувало по породувањето, пишува „Скопје“.