Велика Британија, Финска и Италија исто така го запреа финансирањето на УНРВА

Велика Британија им се придружува на САД во „привременото запирање“ на финансирањето на УНРВА, агенцијата на Обединетите нации за Палестинците во Газа, додека ги разгледува наводите дека персоналот на УНРВА бил вклучен во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

„Велика Британија е згрозена од наводите дека персоналот на УНРВА бил вмешан во нападот на 7 октомври против Израел, грозоморен терористички чин што Владата на Обединетото Кралство постојано го осудува“, се вели во соопштението на британското Министерство за надворешни работи.

Финска, исто така, најавува запирање на помошта.

„Наводите за вмешаност на персоналот на УНРВА во терористичките напади на 7-ми октомври во Израел се крајно загрижувачки. Финска привремено ќе го прекине финансирањето на UNRWA и ќе го следи исходот од независната истрага“, напиша финскиот министер за надворешна трговија и развој Виле Тавио.

„Финска не дава помош која ќе биде од корист на Хамас“, вели тој.

И Италија денеска објави дека ја прекинува финансиската поддршка за УНРВА, по истрагата за сомневањата дека вработени во агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци биле вмешани во нападот на 7 октомври.

„Италијанската влада го суспендираше финансирањето на УНВРА по страшниот напад на Хамас против Израел на 7 октомври“, напиша италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани на X.

„Сојузничките земји неодамна ја донесоа истата одлука. Ние сме посветени на хуманитарна помош за палестинското население, заштитувајќи ја безбедноста на Израел.

Шин Бет и ИДФ обезбедиле информации кои укажуваат на активно учество на персоналот на УНРВА заедно со употреба на возила и објекти на агенцијата во терористичкиот напад на 7 октомври.

Шефот на ОН Антонио Гутереш „е ужаснат“ од обвинувањата и ќе биде спроведена „итна и сеопфатна независна ревизија на УНРВА“, рече неговиот портпарол Стефан Дујарик.

Иако во соопштението на УНРВА не е прецизирано колку вработени отпуштила, американското соопштение откри дека 12 вработени „можеби биле вклучени“.

Хамас во саботата ја критикуваше УНВРА за отпуштање на вработени осомничени за учество во смртоносниот терористички напад против Израел на 7 октомври, тврдејќи дека акцијата била преземена поради „ционистички обвинувања“. Терористичката група рече дека не е во надлежност на УНРВА „да објавува политички позиции во врска со конфликтот“. Во официјалното соопштение, Хамас напиша дека повикот на агенцијата за ослободување на заложниците е „мешање во работи што не ја засегаат и се надвор од нејзините овластувања“.

Соединетите држави беа најголемиот билатерален донатор на агенцијата во 2022 година, со повеќе од 340 милиони американски долари, според веб-страницата на УНРВА.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен разговараше во четвртокот со Гутереш „за да ја нагласи неопходноста од темелна и брза истрага за оваа работа“.

„Ја поздравуваме и најавата на ОН за „сеопфатен и независен“ преглед на UNRWA. Мора да има целосна одговорност за секој кој учествувал во грозоморните напади на 7 октомври“, соопшти Стејт департментот.