
Предраг Мијатовиќ, поранешниот југословенски репрезентативец и истакнат член на Партизан и Реал Мадрид во Шпанија е казнет поради пропусти во финансиските извештаи.
Наводно, Мијатовиќ на име на позајмица се стекнал со милион евра од две швајцарски фирми во негова сопственост. Тие пари не биле прикажани во Шпанија и властите ништо не знаеле. Од тие пари Мијатовиќ купил вила во богатиот дел на Мадрид.
Како казна ќе мора да плати 285.000 евра.
Поранешниот фудбалер, но и спортски директор во Шпанија, ја доби казната од Даночната управа, бидејќи не ги пријавувал парите што ги добивал од агентот. Како што пренесува шпанскиот „Периодико“, тие пари Мијатовиќ ги префрлал на сметка во Луксембург.
Поради прикажувањето на неточни информации за средствата кои ги има на располагање и кои ги користел, Мијатовиќ е санкционар уште 22-ри декември 2023 година. Тогаш е донесена пресуда од Врховниот суд во Мадрид, меѓутоа „Периодик“ дури сега дојде до овие информации и ги објави во јавноста.