На валутните пазари вредноста на американскиот долар благо порасна во однос на кошничката на валути во претпладневното тргување во вторникот.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 103,86 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 103,79 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 149,95 на 150,45 јени. Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0850 долари, додека вчера во овој момент таа изнесуваше 1,0840 долари.
Цените на нафтата, пак, втор ден по ред се во минус. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,23 отсто, на 82,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,35 отсто, на 78,50 долари.