Ирскиот стабилизациски фонд најавува продажба на уделите во шест израелски компании

Ирскиот фонд за стабилизација ќе продаде удели во шест израелски компании поради нивните активности на окупираните палестински територии, изјави во петокот министерот за финансии Мајкл Мекграт.

Ирскиот стратешки инвестициски фонд (ISIF) е основан на крајот од минатата 2023 година и инвестира во матичната земја за поддршка на економскиот раст. Во своето портфолио има и ликвидни меѓународни средства.

Моментално управуваат со имот во вредност од 15 милијарди евра, а во октомври Министерството за финансии посочи дека до 2035 година може да достигне вредност од околу 100 милијарди евра, со претпоставка за стапка на поврат од околу четири проценти и да помогне во задоволувањето на климатските и трошоците за пензиите.

Неодамна, фондот беше под притисок од главната опозициска партија Шин Феин да го продаде својот удел во група израелски компании. Ирска со години се бори за правата на Палестинците, а во март им се придружи на Шпанија, Малта и Словенија во првите чекори кон признавање на палестинската државност на Западниот брег и Појасот Газа, потсетува Reuters.

Под овие услови, фондот најави дека ќе продаде акции во вкупен износ од 2,95 милиони евра во „Bank Hapoalim BM“, „Bank Leumi-le Israel BM“, „Israel Discount Bank“, „Mizrahi Tefahot Bank Ltd“, „First International Bank“ и „Rama Levi CN Stores“, еден од водечките синџири на супермаркети во Израел.

„Националната агенција за управување со финансии (NTMA) ме информираше дека одлучила да продаде акции од глобалното инвестициско портфолио на ISIF во компании кои имаат одредени активности на окупираната палестинска територија“, се вели во соопштението на Мекграт.

Одлуката ќе се спроведе во најбрз можен рок, во наредните седмици, додаде министерот.

Норвешкиот фонд за стабилизација, најголемиот во светот, продаде акции во девет израелски компании кои работеа на окупираните палестински територии во последните години.