Вардар, Вардарци и Комити не се оставени сами на себе, мојата подадена рака ќе стои секогаш тука за нив, порача Ѓоргиевски

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски преку статус на Фејсбук пишува дека фудбалскиот клуб Вардар не е оставен на цедило и дека се обезбедени финансиски средства за натпреварот кој ќе се одигра во недела.

 Како и во минатото, така и сега во пресрет на баражот во недела, обезбедени се финансиски средства за да опстои нашата гордост.

♥️ Вардар, Вардарци и Комити не се оставени сами на себе.

 Мојата подадена рака ќе стои секогаш тука за нив. И да, ќе одиме на врвот – таму каде што припаѓаме!

 А во една блиска иднина, за многу брзо време кога работите ќе се променат на подобро, Вардар никогаш повеќе нема да биде во оваа ситуација.

Го имате мојот збор!

Се гледаме во недела, во 17 часот на стадионот во Струмица.

 ФК ВАРДАР – ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА