Путин: Русија може да гаѓа објекти во земјите кои ја вооружуваат Украина за напад врз нејзина територија и да употреби нуклеарно оружје

Нападите врз Руската Федерација со учество на западните земји значи нивна директна војна против неа, на што Москва ќе реагира и со одмазднички удари врз објекти кои ја снабдуваат Украина со такво оружје, изјави меѓу другото рускиот претседател Владимир Путин во средата доцна вечерта на средбата со шефовите на свески новински агенции во организација на државната новинска агенција ТАСС.

„На крајот на краиштата, ако видиме дека овие земји се вовлечени во војна против нас – и тоа е нивно директно учество во војната против Руската Федерација – тогаш го задржуваме правото да дејствуваме на сличен начин сериозни проблеми“, рече Путин одговарајќи на едно прашање на средбата со странските новинари во Санкт Петербург.

Прашан за ризиците од нуклеарна војна за Украина, предупреди дека Русија може да ги искористи сите расположливи средства за да се одбрани доколку има закани за нејзиниот суверенитет или територијален интегритет.

Путин рече дека Западот постојано ја обвинува Русија за „ѕвецкање“ со нуклеарно оружје, но дека тоа е погрешно, бидејќи САД се тие што користеа нуклеарно оружје против Јапонија во Втората светска војна.

Пред уредниците на странските медиуми на економскиот форум во Санкт Петербург, Путин рече дека руската нуклеарна доктрина дозволува такво оружје да се користи како одговор на одредени закани.

„Поради некоја причина, Западот верува дека Русија никогаш нема да го искористи… Ние имаме нуклеарна доктрина, погледнете што пишува таму. Ако нечии дејствија го загрозуваат нашиот суверенитет и територијален интегритет, сметаме дека е можно да ги искористиме сите средства што ни се на располагање. Ова не треба да се сфаќа лесно, површно“, посочи Путин.

Путин, исто така, рече дека за Русија не е важно кој ќе биде следниот претседател на САД, бидејќи тоа веројатно не менува ништо за Москва, но тој рече дека американскиот судски систем очигледно се користи за политичка битка против Доналд Трамп. Ја обвини администрацијата на актуелниот демократски претседате Џо Бајден, која е најголемиот снабдувач со оружје на Украина, дека прави грешка по грешка или го „изгорува“ американскиот политички систем и глобалното лидерство.

„Во суштина, не ни е грижа кој ќе победи“, рече Путин на прашањето на Reuters дали верува дека исходот од изборите во САД може да значи нешто за Москва. „Ние не мислиме дека крајниот резултат е од големо значење за нас. Ќе работиме со кој и да е претседател што ќе го избере американскиот народ.

Претходниот мандат на Трамп ги оштети американско-руските односи, рече тој, и тешко е да се каже дали овојпат ќе биде поинаку ако победи на изборите во ноември.

„Никогаш не сме имале посебни односи со господинот Трамп, но останува фактот дека тој почна да воведува тешки санкции кон Русија, дека се повлече од договорот за ракетите со среден и краток дострел“, рече Путин.

Сепак, Путин не исклучи промена на политиката доколку, како што рече, Вашингтон почне да гледа на сопствените национални интереси.

„Никој во САД не е заинтересиран за Украина, тие се заинтересирани за благосостојбата на Соединетите држави, кои не се борат за Украина и Украинците, туку за сопствената благосостојба“, додаде Путин.

Рускиот челник рече и дека е јасно дека политичките ривали на Трамп го искористиле американскиот судски систем за да му наштетат на неговите изборни шанси, стратегија за која рече дека не функционира.

„Тие се изгоруваат однатре, својата дражва, својот политички систем… Во светот е јасно дека кривичното гонење на Трамп, особено она што се заснова на наводи за настани од пред многу години, без директни докази, е употреба на судскиот систем во внатрешна политичка битка“, рече заклучи Путин.