Сончево и многу топло со мала облачност, вечерта нестабилно

Во четвртокот во Македонијај ќе преовладув сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.

Во ноќните часови кон петок ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.

Минималните утринкси температури се движат во интервалот од 12 до 20, додека максималните дневни соодветно ќе бидат од 26 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје во текот на денот сончево и многу топло, а во ноќните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата же достигне до 36 степени.