ВИДЕО I Сомителен пенал за Романија против Словачка!

Украина беше елиминирана од Европското првенство (ЕП) по денешните натпревари во третото коло од групната фаза, а посебно влијание имаше ремито меѓу Словачка и Романија (1-1).

Навивачите на Украина сметаат дека Романија добила пенал на подарок и со тоа е оштетена Словачка, но и нивната репрезентација.

„Пеналот кој го доби Романија е скандалозен. Како може ова да биде пенал? Првиот контакт е надвор од казнениот простор“, се само дел од коментарите на Украинците.

https://twitter.com/SimplyGoal/status/1806008113138389400