Јунајтед предмет на исмејување, Мојес плука по судиите

Фудбалерите на Сандерленд се последните кои можат да се пофали дека има забележано триумф над моментално најголемото разочарување на Островот, тимот на Манчестер Јунајтед.

Првиот полуфинален натпревар од англискиот Лига Куп, заврши со минимален триумф на „црните мачки” од 2:1, а избраниците на Дејвид Мојес го запишаа и третиот пораз во низа.

Иако на сите им е јасно дека тој е најголем виновник за очајните резултати, наследниот на сер Алекс Фергусон, по натпреварот вината за новиот неуспех ја лоцираше во судиската арбитража.

„Поминуваме низ еден многу тежок период, но мора да продолжиме. Не направивме ништо лошо, не направивме ниту една грешка. Бев убеден дека судијата ќе досуди во наша корист, но тој судеше во корист на Сандерленд и после таа ситуација домаќинот го постигна водечкиот погодок. Не ми се верува, како е можно да не досуди прекршок за мојот тим. Очајна одлука. Сакам да ги пофалам моите фудбалери, нашите најверни фанови кои беа фантастични. Заслуживме многу подобар резултат. Со нетрпение го очекувам стартот на реванш дуелот”, изјави Мојес.