Финалето на светското клупско првенство ќе се игра во предградие на Њујорк

Светското клупско првенство на ФИФА во 2025 година ќе се одржи на стадионот „MetLife Stadium“ во предградие на Њујорк, каде ќе се игра и финалето на Светското првенство во фудбал во 2026 година, објави ФИФА.

Овој нов формат на клупското фудбалско првенство ќе собере 32 екипи од целиот свет на турнирот што ќе се организира во САД од 15 јуни до 13 јули.

Покрај стадионот „MetLife Stadium“, кој се наоѓа во Ист Радерфорд, во Њу Џерси, натпревари ќе се играат и во десет други американски градови – Атланта, Шарлот, Синсинати, Лос Анџелес, Мајами, Нешвил, Орландо, Филаделфија, Сиетл и Вашингтон.

Во Орландо натпреварите ќе се играат на два стадиони – „Camping World“ и „Inter&Co.“.

Светското клупско првенство е годишно натпреварување организирано од ФИФА без прекин од 2005 година, по првото издание кое се одржа во 2000 година.

ФИФА одлучи да го промени форматот на натпреварувањето од 2025 година, зголемувајќи го бројот на клубови-учеснички од седум на 32. Турнирот ќе се одржува на секои четири години до 2025 година.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во саботата изјави дека првото издание на светското клупско првенство ќе отвори „нова ера за фудбалот и клубовите“.

Новото издание на светското фудбалско клупско првенство предизвика многу критики во последните неколку месеци бидејќи многумина се противат на проширувањето на и онака преоптоварениот календар.

Во декември ќе се одржи жрепката за осум групи по четири клуба, а веќе се познати 32. клубови учесници. Европа испраќа најмногу клубови, дури 12, а Јужна Америка шест.