Цените на нафтата се зголемија во понеделникот на меѓународните пазари до 75 долари, бидејќи водечките производители го одложија најавеното зголемување на понудата до почетокот на 2025 година.
На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше повисока за 1,71 долар отколку на затворањето на тргувањето на крајот на минатата седмица и изнесуваше 74,81 долар. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по повисока цена од 1,81 долари, од 71,30 долари.
Засебно Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) oбјави дека цената на барелoт од референтната нафте кошница на нејзините членки во петокот се зголемила за 2,27 долари на 73,64 долари.
На почетокот од седмицаа трговците беа преокупирани со ревидираниот план на водечките производители за зголемување на понудата. Во неделата, група членки на OPEC и нивните сојузници меѓу големите независни производители предводени од Русија, познати како OPEC+, го одложија најавеното зголемување на понудата за еден месец, до почетокот на 2025 година. Групата од осум земји доброволно ја намали понудата за 2,2 милиони барели дневно од крајот на минатата година за да ги стабилизира цените.
Во текот на летото, тие одлучија да постават 180.000 барели повеќе на пазарот од октомври, а последователно го поместија рокот за еден месец поради намалената побарувачка и поголемата понуда од независните производители.
„Со оглед на постојаните стравувања за економски раст, веруваме дека групацијата сака појасна слика за реакцијата на економијата на пониските каматни стапки во САД и олеснувањето на фискалната и монетарната политика во Кина“, смета Џовани Стауново од UBS.
„За групацијата (OPEC+) важна е и реакцијата на пазарот на компензаторното намалување на понудата на членките кои ги надминаа производните квоти и исходот од претседателските избори во САД“, додава Стауново.
Демократската кандидатка Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп водат „мртва трка“ на анкетите пред изборите што ќе се одржат во вторник, а победникот можеби нема да биде познат неколку дена, забележува Reuters.
Трговците будно ја следат и ситуацијата на Блискиот исток, каде Иран го задржа правото да одговори на израелскиот напад од пред десет дена. Техеран на тој начин сигнализираше дека може да реагира на израелските напади по третпат од пролетта оваа година и нападот на израелските воздухопловни сили врз иранската амбасада во сирискиот главен град Дамаск.
Инвеститорите, исто така, внимателно ќе ја следат седницата на американската централна банка оваа недела, шпекулирајќи дека таа би можела да ги намали каматните стапки за уште една четвртина од процентниот поен. Фокусот на вниманието ќе биде и на Пекинг и на годишниот конгрес, кој се очекува да одобри дополнителен стимул за растреперената економија.