Тројца Либанци убиени во израелски напад на Сидон

Во израелски напад врз јужниот либански град Сидон загинаа тројца либански државјани, а тројца војници беа ранети, соопшти во четвртокот либанската армија, а малезиската влада соопшти дека се ранети шест припадници на нејзините сили UNIFI.

Целта на нападот бил автомобил додека поминувал покрај контролниот пункт, при што загинале тројца Либанци кои биле во возилото, се вели во соопштението на армијата.

Ранетите војници служеле на контролниот пункт, додека погодените припадници на UNIFIL биле во возило со ознаките на оваа мировна мисија на Обединетите нации кое во тој момент минувало низ контролниот пункт, се вели во соопштението.