Нетанјаху во последните денови три пати разговарал со Трамп

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека во изминатите неколку дена трипати разговарал со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп „за да го зајакне здравиот сојуз меѓу Израел и САД“.

– Тоа беа добри и многу важни разговори, рече Нетанјаху.

– Ги делиме истите ставови за иранската закана, со сите нејзини компоненти и опасноста што ја претставува. Гледаме и големи можности за Израел во областа на мирот и неговото проширување, како и во други области, додаде тој.