Уапсен осомничен за убиство од Порој извршено во 2013-та година

Уапсен е маж од Порој осомничен за убиство извршено во 2013-та година.

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово – Одделение за општ криминал вчера попладне го лишиле од слобода Ш.Ш.(41) од с.Порој поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „убиство“, извршено на 12.10.2013 на регионалниот пат од с.Пирок кон с. Жеровјане, информира МВР.

По наредба на Основен суд Тетово извршен е претрес во домот на Ш.Ш..

Против лицето е поднесена кривична пријава, при што од страна на Основен суд Тетово му е изречена мерка притвор од 30 дена.