Стаменкоска Трајкоска: Пратениците од опозицијата поднесуваат неисправни амандмани, потребно е да бидат навремено повлечени

Денес на Комисијата за финансии и буџет на амандманската расправа за Предлог- буџетот за 2025 година, се обрати пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајковска која истакна дека на оваа расправа бесмислено е тоа што се поднесуваат два пати исти амандмани едно по друго за иста намена, со цифри кои се делумно исти и рече дека сето тоа не соодвестува со работата на Комисијата за финансии и буџет.

„Пазете сега амандман 72, се предлага да се обезбедат средства во износ од 32 милиони денари за изградба на велосипедска патека Струга-Охрид. Со амандман 97 се предлага да се обезбедат средства во износ од 32 милиони и триста денари, сега повеќе за триста денари за изградба на истата велосипедска патека Струга-Охрид. Го поднесуваат истите колеги еден по друг истиот амандман, и овде што е поентата со амандманската расправа. Дали вие имате искрена намера да го направите амандманското работење или работата на буџетот навистина квалитетна да биде, се одговорно, или вие имате намера сосема друга, да го злоупотребувате времето и финансиите на граѓаните“, вели Стаменкоска Трајкоска.

Пратеничката Стаменкоска Трајкоска исто така рече дека опозицијата има намера да го направи амандманското работење неефикасно, тотално неодговорно од нивна страна и истакна дека со сето ова додека трае амандманската расправа, се прави манипулација на граѓаните, односно јавноста, притоа им даде совет да се повлечат оние амандмани кои не се транспарентни.

„Втората работа е колегијален совет, колегијалниот совет се однесува на тоа да ве замолам доста ги трошиме парите на граѓаните и времето на граѓаните со овие шест дена работа а да имаме овдека денес и да следуваат неодговорни работења. Која е целта? Колегијалниот совет, се надевам дека ќе го прифатите разгледајте ги амандманите и повлечете ги со време оние кои ви се неисправни “, рече Стаменкоска Трајкоска.