Вавринка доби покана за настап на Австралија Опен

Трикратниот победник на грен-слем турнири, Стен (Станислас) Вавринка доби специјална покана да игра на Австралија Опен, турнир на кој го имаше својот прв настап пред речиси 20 години.

Триесет идеветгодишниот Швајцарец славеше и на терените во Мелбурн Парк кога во финалето во 2014 година го победи Рафаел Надал.

Тој ја освои својата прва грен-слем титула во 2014 година, што го однесе на третото место во светот, а подоцна додаде титули на Ролан Гарос во 2015 година и на УС Опен една година подоцна.

„Неверојатно сум благодарен што добив специјална покана за Австралија Опен во 2025 година“, изјави Вавринка, кој во последните години се мачеше со повреди и силно падна на ВТА.

„Мелбурн има посебно место во моето срце – тоа е местото каде што го освоив мојот прв Грен слем и тоа е една од најголемите пресвртници во мојата кариера“.

Покрај Вавринка, специјална покана добија и осум австралиски играчи, меѓу кои и Дарија Савил и Ајла Томљановиќ.

Воведниот грен-слем турнир во 2025 година е на календарот од 12-ти до 26-ти јануари.