Златото поскапе за 28 отсто од почетокот на годината

Цените на златото се зголемија за повеќе од 28 отсто оваа година, поттикнати од силната побарувачка од централните банки и инвеститорите во период на зголемени геополитички тензии, објави Светскиот совет за злато (WGC).

Годинава со златото се тргуваше по просечна цена од 22 отсто повисока од лани, а во третиот квартал вкупната побарувачка првпат надмина 100 милијарди долари, покажуваат пресметките на WGC.

Цените треба би требало да растат и во 2025 година, но „поумерено“ отколку во 2024 година, според WGC.

„Сите сакаат да знаат дали во вториот мандат во Белата куќа ќе ја поттикне американската економија“, посочуваат тие во годишниот извештај.

Инвестициска побарувачка, пак, годинава ја потикнаа геополитичките ризици и остри флуктуации на бројните регионални финансиски пазари, објаснуваат тие.

Исто така, треба да се додаде дека во поголемиот дел од третиот квартал, западните инвеститори се вратија на златото, бидејќи централните банки почнаа да ги намалуваат клучните каматни стапки.

Централните банки продолжија да ги полнат резервите со злато, зголемувајќи го темпото на купување во октомври, а трендот ќе продолжи и во 2025 година.

Побарувачката во Кина и Индија, најголемите пазари на злато во светот, треба да биде силна и во следната година, додаде WGC.

Прогнозите за кинеската побарувачка се засенети од заканата од трговски војни (со САД и ЕУ – з.р.), кои би можеле да го забават економскиот раст.

Индиската економија, исто така, би требало да порасне за 6,5 проценти во 2025 година, со само поблаго влијание на можните царини отколку кај другите трговски партнери на САД, со оглед на значително помалиот американски трговски дефицит во билатералната трговија.
Силниот економски раст треба да ја поддржи индиската побарувачка за злато, проценува WGC.