ВИДЕО I Барселона му одржа лекција на Реал за Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер Купот во Шпанија и тоа откако вечерва во Џеда го надигра лутиот ривал Реал Мадрид со 5-2.

Каталонците покажаа многу повеќе од „кралевите“ иако долго време на теренот имаа и играч помалку по исклучувањето на голманот Шчесни во 56 минута. Меѓутоа во тие моменти Барса веќе имаше предност од 5-1 и до крајот му дозволи на противникот да даде само еден гол и тоа преку Родриго од слободен удар.

Инаку ова дерби Барса го започна одлично со две големи шанси, ама откако истите не ги искористи стигна казната преку Мбапе за водство на Реал во 5. минута. Сепак ова како дополнително да ги мотивираше избраниците на Флик, па притискаа и израмнија на 1-1 со голот на Јамал во 22 минута.

До крајот на првиот дел Левандовски, Рафиња и Балде стрелаа за убедливо водство на клубот од „Камп Ноу“ со 4-1.

На стартот на вториот дел Рафиња со вториот гол зголеми на 5-1 и со тоа едноставно го потврди славјето на неговиот тим на ова „Ел Класико“.

https://twitter.com/SABC_Sport/status/1878519583402823896

https://twitter.com/SABC_Sport/status/1878523561033240720

https://twitter.com/SABC_Sport/status/1878527117802995780

https://twitter.com/SABC_Sport/status/1878527767114871127

https://twitter.com/SABC_Sport/status/1878531765947535670

https://twitter.com/SABC_Sport/status/1878537061491224759

https://twitter.com/SABC_Sport/status/1878539680016167370

ФОТО:x.com/FCBarcelona_cat