
Двата легендарни британски изведувачи во историјата на класичниот рок, The Beatles и The Rolling Stones, освоија секој по едно признание Греми на 67-ти американски музички награди во Лос Анџелес.
The Beatles беа наградени за најдобра рок изведба за „Now and Then“, нивната „последна песна“. Песната е создадена од демо-снимка на покојниот Џон Ленон, повеќе од 44 години по неговата смрт, а објавена во ноември 2023 година.
Се користеше вештачка интелигенција за да се препознае гласот на Ленон, а потоа да се изолира од другите звуци од лошата снимка – клавир, телевизор во заднина, некое електрично брмчење – за да може да се користи во новата снимка.
Пол Маккартни и Ринго Стар, последните двајца живи членови на The Beatle, потоа ја завршија песната користејќи го гитарскиот звук на, исто така починатиот Џорџ Харисон од 1995 година.
Шон Оно Ленон, син на Џон Ленон и Јоко Оно, го презема наградата Греми за најдобра рок изведба во име на бендот.
The Rolling Stones, уште еден легендарен рок-бенд што започна во 1960-те, ја освои наградата за најдобар рок албум, за „Hackney Diamonds“, објавен во 2023 година.
Фактот што и двата бенда освоија награди покажува дека и покрај многуте децении што поминаа од нивниот врв, тие сè уште се актуелни и имаат огромно влијание на музичката сцена.