
Во Кина заврши проектот за реконструкција на експресен пат, целосно без работници, користејќи вештачка интелигенција, т.е. беспилотни летала, самоуправувачки машини за поплочување и роботи-валјаци. Ова е прв случај од ваков вид во светот.
Надграден е автопатот што ги поврзува Пекинг, Хонг Конг и Макао. Тоа е скоро 158 километри и сѐ е спроведено без човечка интервенција на лице место, што означува значајна пресвртница во еволуцијата на инфраструктурните проекти управувани од ВИ. Овој проект, според познавачи, е технолошки импресивен, меѓу другото, и поради подобрувањата во ефикасноста, безбедноста и прецизноста, објави порталот „Teк eксплорерс“.
Иако почетниот влог во технологијата за самоуправувачка изградба е голем, долгорочните заштеди во трудот, материјалниот отпад и трошоците за одржување се значителни, велат стручњаците.
Дополнително, со отстранување на луѓето – работници од опасните средини како што е градилиштето, целосно се отстранува опасноста од несреќи, изложеност на топлина и повреди. Меѓу предностите на овој потфат на реновирање на патиштата е и брзината. Рачното обновување на пат од ваков обем би траело со месеци, ако не и години. Со машините контролирани со ВИ, коишто работат непрекинато 24/7, реновирањето беше завршено за неколкукратно покусо време.