
Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за разговори со украинскиот лидер Володимир Зеленски, чиј легитимитет како лидер на Украина е доведен во прашање, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Путин кажа дека доколку е потребно, ќе преговара и со Зеленски“, рече портпаролот, објави ТАСС.
„Истовремено, како може правно да се зацврстат договорите е предмет на сериозна дискусија, земајќи ја предвид реалноста што зборува за можноста за оспорување на легитимитетот на самиот Зеленски“, додаде Песков.
Русија постојано го истакнува својот интерес за мирно решение во Украина преку дипломатски средства. Во исто време, Путин укажува дека Украина не е суверена, како и на нелегитимноста на Зеленски.
Според Русија, претседателските овластувања на Зеленски истекоа на 20 мај 2024 година и Украинскиот устав не предвидува одложување на претседателските избори за време на воена состојба (што беше изговор за одбивањето на Киев да одржи избори).