Груби за брзо време ќе биде уапсен и спроведен во Македонија?

Во постојана комуникација сме со министерствата за правда од соседните држави и очекуваме Артан Груби во брзо време да биде лишен од слобода или лоциран, по што ќе ги преземеме сите мерки за екстрадиција во Република Македонија. Тоа во разговор за „Гласот на Америка“ го истакна Ален Деребан, заменик министер за правда.

Иако по распишувањето на меѓународната потерница сè уште нема официјална потврда за точната локација на Груби, властите уверуваат дека потрагата е во завршна фаза. Очекувањата се дека координацијата со регионалните служби за спроведување на законот наскоро ќе резултира со негово апсење.