Украинскиот премиер Арсениј Јацењук изјави дека украинските власти ја повикуваат Русија на преговори на неутрален терен, со цел да се постигне деескалација на тензиите во источниот дел на Украина.
Истовремено, украинскиот претседател Петро Порошенко разговараше со германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер за можностите за решавање на украинската криза во учество на Полска и Франција, пренесува ТАСС.
Штајнмајер се наоѓа во посета на Украина, по што ќе замине во посета на Русија.
Досега разговорите за украинската криза се водат во женевски и нормандски формат. Сега идејата е за преговори во вајмарски формат со учество на Полска, Германија и Франција, се наведува со соопштението на украинското претседателство.