Курдски борци упаднаа и зазедоа шест згради, користени од џихадистите на „Исламска држава“ за опсада на сирискиот град Кобане, при што е откриено големо количество оружје и муниција на групата, соопшти Сирискиот центар за човекови права.
Меѓу оружјето откриено во шесте згради на периферијата на градот, имало ракетни фрлачи, пушки, митралези и муниција за нив. Во борбите се убиени 13 џихадисти, вклучително двајца команданти.
Курдските сили остварија и други успеси во изминатите неколку дена во источниот и југоисточниот дел на градот, тврди Идрис Јасан, службеник во Кобане. Во телефонски разговор тој изјавил дека ИД контролира помалку од 20 отсто од градот.
За заштита на сирискиот град Кобане се склучија ирачките курдски борци пешмерга, како и борци од сириски опозициски групи. Воената команда на САД вчера соопшти дека се извршени воздушни напади врз девет позиции на џихадисти на ИД.