Ајатолахот Хамнеи ги отфрли разговорите со САД

Иран никогаш нема да разговара со САД билатерално, но би можел да учествува во мултилатерални разговори, доколку Вашингтон се врати во нуклеарениот договор од 2015 година, изјавил во вторникот иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи, пренесе иранската државна телевизија.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави претходно дека би можел да се сретне со иранскиот претседател Хасан Роухани, веројатно на Генералното собрание на Обединетите нации подоцна во септември. Но Роухани уште не почетокот од септември порача дека Иран никогаш нема да одржи билатерални раговори со САД, но доколку Вашингтон ги укине сите санкции наметната против Техеран, може да им се приклучи на мултилатерални разговори меѓу иранските претставници и другите потписници на нулеарниот договор од 2015 година.

„Иранските функционери, од кој и да е ранг, никогаш нема да разговараат со американски функционери. Тоа е дел од нивната (американска) политика на наметнување притисоци врз ИРан, нивната политика на максимален притисок ќе пропадне. Доколку Америка го промени своето однесување и му се врати на нуклеарниот договор, тогаш може да им се придрум на мултилатералните разговори меѓу Иран и другите страни во договорот“, изјавил ајатолахот Хамнеи.

Трамп ги зајакнува санкциите против Иран од мај минатата 2018 година, која САД се повлекоа од нуклеарниот договор од Виена во 2015 година потпишан меѓу Техеран и шесте светски сили. Како одговор на американските санкции, Иран од мај годинава започна со постепено супсендирање на своите одредби произлезени од договорот.

„Доколку потклекнеме пред нивниот притисок и одржиме разговори со Американците… Тоа ќе покаже дека нивниот максимален притисок врз Иран успеал. Тие би требало да знаат дека ваквата политика нема влијание врз нас“, порача ајатолахот Хамнеи, кој го има последниот збор во политиките на Иран.

Тензиите меѓу Вашингтон и Иран зајакнаа по нападите врз саудиските нафтени постројки, за кои одговорноста ја преземаа бунтовниците од јеменското шиитско племе Хути, но САД го обвинува Иран кој ги поддржува јеменските бунтовници против владата зад која стои вехабитската монархија во Саудиска Арабија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.