А, бе Николче, тоа се тие европско-блеферски манири…

Некогашната министерка за култура Ганка Цветанова го опомена министерот за надворешни работи Никола Димитров за односот кон соговорничката Гордана Силјановска-Давкова во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 и го потсети на бон-тонот.

„А бе“ Николче, на ТВ дуел или дебата, никому, ама баш никому – а особено не на една дама – не се обраќа со „А бе“. Тоа се тие европско-блеферски манири…, му порача Цветанова.