Јајцата ми се цедеа низ гаќите и маицата од Северина

Хрватските медиуми се преплавени со скандалот на нивната најголема ѕвезда Северина. Како што пишуваат Севе, наводно, ги гаѓала соседите со јајца, а ја пријавил 77-годишниот комшија во Загреб.

Според 24casa, мажот рекол дека јајцата му се цеделе низ гаќите и маицата, и дека тој пријавил сè.

Сепак, Северина при интервенцијата ѝ рекла на полицијата дека „не знае за какви јајца зборува соседот“, како и дека „ручала на маса со своето семејство“.

Но нејзиниот сосед истакна дека тој, сепак, имал уште еден проблем.

„Некој ми ги откина бришачите од автомобилот. Се сомневам кој би можел да биде, но нема да кажам“, и рекол соседот на Северина во доверба на своите пријатели.