Ја држел во заложништво во неговиот дом, присилувајќи ја да му стане жена

На 23.05.2023 во 21.40 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Л.Н.(69) од с.Лакавица-штипско поради претходна пријава од 48 годишна жена дека на 19.05.2023 околу 14.00 часот тој противправно ја држел во својот дом инсистирајќи да му стане сопруга.

Откако избегала, таа го пријавила случајот во полициска станица.

Л.Н. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.