Ајкула му ја одгриза главата на нуркач во Мексико

Голема бела ајкула му ја одгриза главата на нуркач пред очи на рибарите на брегот на Мексико во првиот фатален напад на ајкула оваа година. Мануел Лопез, кој имал 50 години, нуркал во залив на западниот брег на Мексико кога бил нападнат од ајкула долга 5,7 метри.

Ајкулата му ја откина главата на Лопез во застрашувачки напад. Тој нуркаше кога животното го нападна, му ја откина главата и му ги гризеше двете рамена – рекол рибарот кој бил сведок на нападот.

Лопез нуркал без шише со кислород кога го нападнал предаторот.

Очевидец рече дека неколку ајкули биле видени во тој регион неколку дена пред нападот и дека рибарската екипа била подготвена за можни напади.

– Локалните нуркачи беа предупредени за присуство на ајкули во тој регион и повеќето од нив не влегуваа во морето неколку дена – рече рибарот.

Големите бели ајкули можат да пораснат до 6 метри, а тежат до 2 тона и имаат до 300 остри заби.

При напаѓање, предаторот може да плива со брзина до 56 километри на час, воден од многу силно сетило за мирис, но најчесто лови китови, морски лавови, делфини и желки, пишува Слободна Далмација.

Луѓето често ги мешаат со фоките, особено кога носат костими за нуркање. Тие обично се оддалечуваат по првото каснување кога ќе сфатат дека човекот не е нивниот природен плен, но и тоа едно каснување најчесто е фатално.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.