Ајкула одвлече дете од рибарски брод

Ајкула повлекла во морето десетгодишно момченце од рибарски брод крај брегот на Австралија во петокот, но се оддалечила кога таткото на дететот скокнал во водат да го спаси.

Момчето е префрлено во болница во стабилна состојба со повреди на раката, градите и главата, по нападот на ајкулата во водите близу остовската австралиска сојузна држава Тасманија, соопшти локалната влада.

Детето носело појас за спасување додека било на бродот со таткото и уште двајца мажи кои ловеле риба на пет километри од брегот. Во еден момент ајкулата го зграпчила детето и го одвлекла, се наведува во соопштението.

Австралија е една од земјите со најмногу напади од ајклуи и годинава веќе регистрираше пет смртоносни инциденти.

„Ајкулата скокна од водата, удри во страната на бротчето, ја скрши јадицата и држачот, го зграпчи момчето, сѐ во еден миг… и го повлече во водата“, рекол за локалните медиуми еден од очевидците.

Последната жртва е 15-годишен сурфер кој го загуби животот во напад на ајкула минатата седмица кај источниот брег на Австралија.