Ја нападнал мајка си со остар предмет, па и полицајците кои интервенирале

Во петокот ноќта околу 23,40 часот во Штип од полициски службеници од СВР Штип е лишен од слобода 38-годишниот Е.А. од Штип, затоа што околу 23.30 во семејниот дом во Штип, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата мајка, при што употребил остар предмет, а потоа агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.