Ајнтрахт лесно со Баер

Во првиот меч од осмото коло на германското фудбалско првенство Ајнтрахт од Франкфурт како домаќин со 3:0 го совлада Баер од Леверкузен.

Првите два гола за домаќинот ги постигна Гонсало Пациенсиа уште во 4 и во 16 минута од пенал, а победата ја потврди Бас Дост во 80 минута.

И седмиот Ајнтрахт и осмиот Баер сега имаат по 14 бодови, како и третиот Баерн, четвртиот Фрајбург, петтиот РБ Лајпциф и шестиот Шалке 04. На врвот е Борусија Менхенгладбах со 16 а вториот Волфсбург има 15 бодови.