Ја потрошил животната заштеда во правна битка против сообраќајна казна

22
Ричард Кидвел

Возрасен Британец во неуспешната „борба за правда“ потрошил речиси 30.000 британски фунти, односно целата живонат заштеда, оспорувајќи ја пред судовите казната за сообраќаен прекршок која изнесувала 100 гунти, пренесува BBC.

Седумдесет и едногодишниот Ричард Кидвел вели дека поради правосудниот систем „кој е полн со грешки“ во текот на трите години ја потрошил животната заштеда, бодерјќи се против сообраќајна казна.

Тврди дека во текот на возење кон Ворчестер во 2016 година погрешно му била утврдена брзината од 35 милји на час во зона во којашто е дозволена брзина до 30 милји на час. Обвинителството навело дека случајот имал „бројни аспекти“ кои го продолжиле.

Пензионираниот инженер Кидвел тврди дека тогаш не возел побрзо од 30 милји на час, како и оти бил изненаден кога неколку дена подоцна му стасала кана за пречекорување на брзината. На судот довел експерт кој тврдел дека камерата можеби ја забележала брзина на авомобил кој се движел побрзо или дека била расипана, но спорот, како и сите жалби ги загубил. На адвокатски трошоци потрошил 21.000 фунти и уште 7.000 фунтуи на судски трошоци.

„Доста ми е од систем кој го гази обичниот човек. Жалам поради изгубените пари. Само сакав правда“, додава Кидвел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.